Во Македонија вистинската експанзијата на латино-американските серии почна во 1997/98 година. Но, најпопуларна беше „Касандра“ од Венецуела, до толку што цели фермани излегуваа во весникот Вечер, каде се раскажуваше содржината на секоја следна епизода.
До толку популарна што Касандра и Ранду беа во Скопје, каде на стадион ги чекаа илјадници обожаватели и трчаа по нив. До толку популарна што новородените деца во Шуто Оризари добиваа имиња по славната ‘циганка’, а и на пазар зелечукот добиваше име по актерите од серијата. Штама беше и по куќите кога одеше „Касандра“ во вечерниот термин на телевизија.
Убавата актерка Кораима Торес ја играше улогата на Касандра и ги освои срцата на гледачите.
Врв на популарноста беше кога Касандра во серијата заврши во затвор, па во некои земји на поранешна Југославија луѓето пишуваа петиција да се ослободи. Се продаваа и албуми со сликички со ликовите на Касандра, Ранду, Луи Давид, Доринда…
Денес, Касандра има 46 години. Таа уште игра во теленовелитe. Од Венецуела, се пресели во Богота, Колумбија. Се омажи за актерот Николас Монтеро и го имаат синот Ману Нико.
Текстот (Фото) Касандра која направи колективна хипноза во Мекедонија, денес е префинета дама и мајка е превземен од Reporter.mk.