Македонскиот топ модел Катарина Ивановска ја одржува линијата со вежби и секојдневно ролање на Кеј на Вардар. Таа сподели фотографија, за која фановите велат дека е секси додека рола, а следбениците на Инстаграм и ја бендисаа и тетоважата позади на вратот.
Ивановска, годинава го прослави првиот роденден на синот Вања. Но, откако се породи, многу брзо се врати на старата линија, и започна да оди во теретана. Топ моделот, и по породувањето постојано е ангажирана со снимање на фотосесии надвор од земјава.