(Фото) Кејт Мидлтон на наградите БАФТА со обетките и фустанот на принцезата Дајана

Војвотката Кејт Мидлтон заедно со својот сопруг, принцот Вилијам се појавила на доделувањето на наградите БАФТА во Лондон, во ист фустан каков што носела принцезата Дајана во 1991 година.

Кејт се одлучила за бел фустан на дизајнерот Александер Меквин, а вели дека инспирација ѝ бил фустанот кој го носела принцезата Дајана на концертот во Ројал Алберт Хали во далечната 1991 година.

Војвотката за црвениот тепих се одлучила да ги носи и истите обетки какви што имала Дајана. На тој начин Кејт вели дека сакала да и оддаде почест.

Фустанот Кејт го искомбинирала со чевли од брендот Џими Чу, кои чинат околу 700 евра нараквица Quatrefoil, која ѝ припаѓала на нејзината мајка кралицата Елизабета. Иако војвотката не е љубител на силна шминка, овој пат се одлучила за малку посвечена варијанта.

 

Текстот (Фото) Кејт Мидлтон на наградите БАФТА со обетките и фустанот на принцезата Дајана е превземен од Reporter.mk.