Британската реална ѕвезда и поранешен модел Кети Прајс (40) во моментов одмора со дечкото, фитнес тренерот Крис Бојсон (29) на плажите во Тајланд.
Папараците ги забележале на плажа. Британските медиуми пишуваат дека старлетата ја наместила целата работа, со репортерите, за да може да заработи дополнителни пари за судските процеси.
Бојсон носел боксерки и делувал незаинтересирано. Прајс гола лежела на песочната плажа. Не и сметале ни погледите на туристите кои биле во близина.
Прајс за да добие целосно внимание за момент ги слече боксериците на момчето.
„Кејт секогаш има потреба да направи пари од се. Без разлика дали тоа е добра или лоша работа“, вели извор близок до Британката за „The Sun“.
Нејзиното богатство се проценува на 45 милиони фунти. Медиумите шпекулираат дека од новото момче искеширала 300.000 фунти.
Текстот (Фото) Кети Прајс сака да заработи од голите слики на плажа? е превземен од Reporter.mk.