Глумецот Кијану Ривс по неколку децении повторно е заљубен, пишуваат американските медиуми. Ривс е во врска со 11 години постарата уметничка Александра Грант. Тој новата партнерка ја претстави во јавност овој викенд на црвениот тепих во Лос Анџелес по повод уметничка и филмска гала вечер.
Двојката досега се има појавено на многу заеднички настани, но никогаш јавно не признале дека се во врска. Се запознале на забава во 2009 година. Велат дека и двајцата ја делат љубовта кон книгите и уметноста.
Во 2011 година Кијану и Грант почнале да соработуваат за илустрациите на неговата прва книга Ode To Happiness. Исто така рачно ја илустрирала и книгата Shadows, објавена во 2015 година.
Последната девојка со која Ривс бил во врска е поранешната глумица Џенифер Сајм. Двајцата беа во врска во деведесеттите години, а се разделија недолго по семејната трагедија. Сајм на свет донесе мртвородено девојче Ава. Набрзо по трагедијата, се разделија. Џенифер две години подоцна, во 2001 година, загинала во сообраќајка.
Текстот (Фото) Кијану Ривс по две децении има нова девојка е превземен од Reporter.mk.