Актерката и модел Ајрлејнд Болдвин на социјалните мрежи објави фотографија од гола жена легната на кревет. Таа ја налутила нејзината мајка, актерката Ким Басинџер, која помислила дека на сликата е нејзината ќерка гола па искоментирала: „Што? Што? Кој?“ И реакциите на фановите биле поделени, па во коментарите Ајрлјенд морала да објаснува дека таа не е девојката на сликата, туку дека споделила фотка од починатата актерка Роми Шнајдер за да го опише моменталното расположение дека е „мртва уморна“.
Претходно Ајрлјенд го изнервира нејзиниот татко актерот Алек Болдвин. Таа на „Инстаграм“ сподели гола фотографија од неа на балкон.
Ајрлјенд е позната по објавувањето на провокативни фотографии и често ги лути своите родители. Годинава таа објави и слика на која е качена на мотор и на која го покажува задникот. Алек Балдвин уште тогаш рече дека не му се допаѓаат објавите на неговата ќерка.
Текстот (Фото) Ким Басинџер лута на ќерка си што објавува голи слики е превземен од Reporter.mk.