Една од најпознатите холивудски актерки Ким Бесинџер некогаш беше синоним за сексапил и убавина, а ја красеше и раскошен актерски талент и несекојдневна харизма. Таа не само што ги освојуваше срцата на гледачите, туку и na познати мажи како Ричард Гир, Принц, продуцентот Џон Питерс…
На врвот од својата кариера го запознала Алек Болдвин за време на снимањето на филмот The Marrying Man, а подоцна таа признала дека уште на првиот состанок ја прашал дали сака деца.
Парот се венча во 1993 година, а актерката поминала низ многу тежок професионален и финансиски период во кој прогласи личен банкрот. Четири години помладиот Алек тогаш беше нејзина најголема поддршка, а во 1995 година ја добија и ќерката Ајрланд.
Пет години подоцна, парот стави крај на бракот и тоа со вистинска драма и низа навреди и обвиненија од двете страни. Но, тоа е веќе минато – Алек ја пронајде среќата со новата сопруга Хиларија со која го чека петтото дете, додека Ким веќе долги години ѝ е посветена на борбата за правата на животните и нивното згрижување и спасување.
Бесинџер вчера се појавила на настан посветен токму на правата на животните, а актерката, која во последните години не е толку активна на сцената, е сосема изменета.
Ким се појавила во кежуал костум што го искомбинирала со бела памучна маица и бели старки. Сепак, многумина коментираа дека била деформирана во лицето.
Не е тајна дека Ким имала низа естетски корекции за да го зачува својот младешки изглед. Медиумите велат дека таа претерала.
На славната 65-годишна актерка ѝ било тешко да направи каква било мимика, но лоша била и фризурата.
За потсетување, Бесинџер веќе неколку години не снима филмови, а наводно со децении се бори и со панични напади и анксиозност. Максимално е посветена на животните, а се шпекулира и дека своевремено имала и езеро со пластични мачки, кучиња и патки од кои секое имало име.
Текстот (Фото) Ким Бесинџер: Некогаш синоним за сексaпил и убавина, денес се бори со анксиозност и живее со пластични мачки е превземен од Reporter.mk.