Многумина сметаат дека најпознатата ријалити ѕвезда, Ким Кардашијан има направено пластична операција на нејзиното лице. Ким која на забава кај Тифани се појави во бел фустан беше во центарот на вниманието поради нејзиното лице, на кое присутните не можеа да ги забележат претходните брчки.
Лицето изгледаше затегнато, без ниту една брчка, без ниту една неправилност, што за многумина делувало целосно неприродно, па Ким ја споредија со восочна фигура.
Во јавноста почна да се шпекулира дека Ким претерала со ботоксот, а многумина се во заблуда дека старлетата направила пластична операција. Кардашијан во повеќе наврати демантирала дека направила какви било естетски зафати и признала дека користи само ботокс кој не го смета за операција.
„Сите мислат дека го имам оперирано носот или усните, или нешто на лицето. Освен ботокосот немам направено ништо, а тоа не го сметам за пластична операција“, изјавила Ким за Harper’s Bazaar.
Текстот (Фото) Ким Кардашијан на забавата на Тифани стигна целата неприродна е превземен од Reporter.mk.