(Фото) Ким Кардашијан се крштеваше во православна црква во Ерменија

Ким Кардашијан беше во Ерменија, од каде што е потеклото на нејзиното семејство, а ова патување го искористи за да ги крсти децата, но и таа се крсти во православната црква.

Телевизиската ѕвезда на Инстаграм објави дека крштевањето било во Ечмијадзинскиот манастир, кој го следи верувањето на Ерменската апостолска црква. Оваа црква е ориентално-православна.

„И благодарам на Ерменија за ова прекрасно патување полно со спомени. Благословена сум затоа што се крстив заедно со децата во Ечмијадзинскиот манастир, најголемата ерменска црква, која ја нарекуваат и Ватикан на Ерменската апостолска црква. Изградена е во 303 година пред новата ера“, напиша Ким на Инстаграм.

Заедно со неа беа крстени и 4-месечниот Псалм, едногодишната Чикаго, тригодишниот Сеинт. Норт е крстена во Ерусалем, кога имала две години.

View this post on Instagram

Baptism

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

 

Текстот (Фото) Ким Кардашијан се крштеваше во православна црква во Ерменија е превземен од Reporter.mk.