(Фото) Кире Лазаров во каубојски стил го одбележа крајот на кариерата на болниот другар

Со фотографии на кои се облечени како каубои, но и со неколку слики во дресот на „Барселона“, Кире Лазаров го одбележа крајот на кариерата на неговиот пријател и поранешен колега, Виктор Томас.

Томас има проблеми со срцето и ќе мора да се повлече од активно играње ракомет на крајот од сезоната. Тој на прес-конференција пред новинарите изјави дека лекарите му констатирале сериозна срцева слабост.

Кире и Томас играа заедно пред неколку години, кога македонскиот капитен играше за „Барселона“.

„Беше чест да се дели соблекувалната со толку борбен и квалитетен играч, но пред се, со толку добра личност. Вистинска штета е што го оставаш ракометот, но треба да бидеш презадоволен и горд на тоа што го оствари. Ти посакувам многу среќа од срце во преостанатиот дел од животот. Остануваме пријатели засекогаш“, му рече Кире на Томас.

 

 

Текстот (Фото) Кире Лазаров во каубојски стил го одбележа крајот на кариерата на болниот другар е превземен од Reporter.mk.