(Фото) Кирстен Данст доби ѕвезда на Булеварот на славните

Актерката Кирстен Данст доби ѕвезда на Булеварот на славните. Таа се појави на патеката на славните во Холивуд заедно со нејзините вереник Џеси Племонс, но и 15 месечниот син Енис Ховард, на кого ова му е прво официјално појавуавње во јавноста.

Актерката, пејачка и манекенка Кристен Данст славата ја стекна во филмот „Интервју со вампирот“, а по дебитанската улога, ја заработи и првата номинација за „Златен глобус“, за најдобра споредна улога. Нејзиниот партнер Џеси имал само пофални зборови за неа.

„Не можам да бидам погорд. Во сите твои улоги внесуваше хуманост, сила и ранливост. Освен тоа што си извонредна актерка, имав среќа да те запознаам и како личност. Ти си прекрасна мајка, сопруга, ќерка, сестра и пријателка. Ние денес сите сме тука затоа што те сакаме. Навистина си единствена и најдобра жена на светот. Патеката на славните може да биде среќна што ќе го има твоето име на плочникот“, изјавил Џеси.

Џеси и Кирстен се запознаа за време на снимањето на серијата „Фарго“ во 2014 година, а во љубовна врска влегоа две години подоцна. Се венчаа во јануари минатата година. Ова им е прво дете.

„Сватив дека сакам дете кога се породи мојата кума. Толку ја сакам и не можам да ја објаснам таа љубов. Тоа може да се искуси дури откако ќе добиеш дете“, изјавила Данст за магазинот People.

 

 

 

Текстот (Фото) Кирстен Данст доби ѕвезда на Булеварот на славните е превземен од Reporter.mk.