Бора, постарата ќерка на актерката Амернис Нокшиќи и новинарот Борјан Јовановски, вчера наполни 13 години. Амернис не ја криеше среќата, па на „Фејсбук“ се пофали дека нејзината ќерка станала тинејџерка.
„Мојата прва љубов, мојата душа, денес наполни 13. Среќен роденден, љубов моја!“, напиша глумицата покрај сликата од Бора и доби бројни честитки од пријателите.
За потсетување, Амернис и Борјан се во брак скоро 15 години. Освен Бора, ја имаат и помалата ќерка Каја. Пред да се земат беа подолго време во врска, а љубовта ја започнаа во времето кога Борјан беше потпарол на покојниот претседател Борис Трајковски.
Фото: Фејсбук
Текстот (Фото) Ќерката на Амернис и Борјан стана тинејџерка е превземен од Reporter.mk.