Ќерката на еден од најбогатите луѓе на планетава Бил Гејтс, Џенифер, се вери со нејзиното долгогодишно момче и милионер од Египет Најџел Насар.
Двајцата ја споделија среќната вест на „Инстаграм“ со заедничка фотографија.
„Најџел Насар, ти си единствен. Апсолутно ме нокаутира минатиот викенд изненадувајќи ме на одлична локација за една од многуте споделени страсти … милион пати да“, напишала Џенифер.
Насар ѝ одговорил дека го направила најсреќниот човек на светот и дека таа е токму таква каква што ја замислувал неговата љубов.
Џенифер Гејтс дипломирала на Универзитетот Стенфорд и заедно со Најџел се страствени љубовници на трките со коњи. Џенифер изјавила дека планира целосно да се посвети на овој спорт веднаш по дипломирањето.
Родителите на Џенифер Гејтс, 64-годишниот милијардер Бил Гејтс и неговата 55-годишна сопруга Мелинда, со која ја водат фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, на 1 јануари ја прославија својата 26-годишнина од свадбата.
Двојката има уште две деца, 20-годишниот син Рори и 17- годишната ќерка Фиби.
Текстот (Фото) Ќерката на Бил Гејтс се вери со милионер од Египет е превземен од Reporter.mk.