(Фото) Ќерката на Јован Јованов маскирана за Ноќта на вештерките

Македонскиот композитор Јован Јованов, кој веќе неколку години живее во Канада, сподели слика од ќерка си Малеа, маскирана за Ноќта на вештерките. Познатиот композитор ги изненади обожавателите, бидејќи ретко споделува семејни слики на социјалните мрежи. „Мојот страшен костур“, напиша Јован на фотографијата.

За потсетување, Јован е автор на некои од најголемите хитови од крајот на 1990те и почетокот на 2000те години. Тој едно време пееше во групата „Магија“, а со нивната прва песна, исто така наречена „Магија“, победија на „Макфест“ 1998 година. Пред пет години Јован се пресели во Канада со сопругата Николина и ќерката. Таму има свое музичко студио и прави песни за американски и канадски музичари.

Текстот (Фото) Ќерката на Јован Јованов маскирана за Ноќта на вештерките е превземен од Reporter.mk.