Ќерката на една од најпознатите светски манекенки, Кејт Мос, Лајла, стана заштитно лице на брендот „Марк Џејкобс бјути“. 16-годишната Лајла ги рекламира шминките од најновата колекција на популарниот дизајнер. Модната кампања за Марк Џејкобс е првиот ангажман на Лајла.
Лајла е копија на нејзината славна мајка од почетокот на нејзината кариера, па многумина ѝ предвидуваат голем успех во светот на модата. Кејт Мос, која беше една од најпопуларните манекенки во 90’те години и денес повремено снима модни кампањи и реклами. Таа има и своја моделинг агенција, а меѓу манекенките што ги застапува е и нејзината ќерка Лајла.
Текстот (Фото) Ќерката на Кејт Мос стана модел е превземен од Reporter.mk.