Јоана, помалата ќерка на актерот Кирил Поп Христов – Кили, објави слика на која се бакнува со сопругот Хосе Луис. „Мојата љубов“, напиша таа и откри колку е заљубена во него. Јоана често објавува слики со него на социјалните мрежи. Таа и Хосе Луис се венчаа во март на Еквадор, каде што Јоана живее веќе неколку години, а во јуни станаа родители на синот Аниш Круз.
Пред свадбата, Кили откри дека ќерка му ќе се мажи и дека е пресреќен што таа нашла човек што ја сака неизмерно. Неговата сопруга, пак, Гордана, која е сопственик на едно од најуспешните танц-студија кај нас, „Ребис“, често оди на Еквадор за да поминува време со ќерката и внукот.
Текстот (Фото) Ќерката на Кили страстно го бакнува сопругот е превземен од Reporter.mk.