Поп-пејачката Наташа Малинкова речиси секогаш вели дека со својата ќерка Султана, освен што се мајка и ќерка, тие се ѝ друграки. Таа деновиве сподели и нивна заедничка фотографија, на Инстаграм, па многумина на шега прашуваа „која е мајката, која е ќерката“.
Султана, е првата ќерка на Малинкова и има 15 години. Во интревју за „Репортер“ , Наташа зимата ни откри дека иако е блиска со својата ќерка сепак е строга мајка.
„Јас сепак сум мајка на две ќерки, едната е веќе тинејџерка, другата се уште е мала. Да бидам искрена, Султана ми е како другарка и таа секогаш ми е поддршка во кариерата, а ѝ јас учам за трендовите во мзсиката од неа. Но, колку и да сме блиски, сепак јас сум прилично строга мајка иако можеби не изгледам така“, откри Малинкова.
Текстот (Фото) Ќерката на Малинкова тинејерка, пејачката вели дека е строга мајка е превземен од Reporter.mk.