Тифани Трамп, најмалата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, веќе неколку месеци е во врска со богатиот наследник Мајкл Булос. Тој е роден и пораснал во Нигерија, а има и либанско потекло, пишуваат американските медиуми. Американскиот претседател, пак, на почетокот на годината беше критикуван кога рече дека Ел Салвадор, Хаити и некои африкански држави се „големо срање“ и јавно прашал зошто им се дозволува на луѓе од тие земји да доаѓаат во Америка.
Тифани го запознала Мајкл ова лето, во Лондон, каде што тој живее веќе неколку години, открил за медиумите близок пријател на ќерката на Трамп. Семејството на Булос поседува конгломерат кој се занимава со малопродажба на автомобили, опрема и градежништво. Парот првпат јавно се појавил на почетокот на ноември на модна ревија во Њујорк. Според пријателот на Тифани, Трамп наводно го прифатил момчето на својата ќерка и покрај неговите африканските корени.
Текстот (Фото) Ќерката на Трамп си фати момче од Нигерија е превземен од Reporter.mk.