(Фото) Ќерките на Силвестер Сталоне се вистински убавици

Актерот Силвестер Сталоне (72) престојува во Франција, место што го избрал како идеална дестинација за летување и одмор.

Сталоне е на патување со својата сопруга Џенифер Флавин (49) и ќерките. Обожавателите го користат секој момент за да му се доближат на актерот.

nothing better than a family vacation❤️🇫🇷

A post shared by Jennifer Flavin Stallone (@jenniferflavinstallone) on

„Нема ништо подобро од семеен одмор“, напишала Џенифер на фотографијата од одморот.

Во знак на добредојде, во еден ресторан му се доближила група фанови кои во тој момент го носеле со себе американското знаме. На Сталоне очигледно вниманието му годи, па на фановите и гостите од ресторанот им ги исполнил желбите и позирал пред објективите и на никого не му ја ускратил желбата да се фотографира со него.

🌊

A post shared by Sophia Stallone (@sophiastallone) on

polo

A post shared by Sistine (@sistinestallone) on

Актерот престојува во Франција со соругата Џенифер, но и ќерките Софи (21), Систин (20) и Скарлет (16). Ќерките на Силвестер повремено ги радуваат своите фанови на „Инстаграм“ со семејни фотографии и дестинациите каде што престојуваат, но и со убавата фигура што  ја наследиле од мајка им Џенифер, која била модел.

 

 

Текстот (Фото) Ќерките на Силвестер Сталоне се вистински убавици е превземен од Reporter.mk.