Една од најпознатите светски манекенки, Клаудија Шифер, на 48 години се сликаше гола за насловната страница на августовското издание на италијанскиот „Вог“. Германската манекенка со чанта и чевли ги покрива интимните делови од телото. „Ти благодарам ‘Вог’ за насловната страница“, напиша таа и на „Инстаграм“ објави слика од списанието.
Фотографијата доби само позитивни коментари, а фановите ѝ пишуваат дека изгледа фантастично. „Најдобар топ модел на сите времиња“, „Клаудија засекогаш“, се само дел од коментарите.
Шифер започна професионално да се занимава со манекенство на 17 години и брзо стекна светска слава. Работеше за најпознатите светски модни дизајнери и брендови како „Диор“, „Шанел“, „Версаче“ и многу други. Таа беше еден од најбараните топ модели во светот, заедно со Синди Крафорд, Линда Евангелиста и Наоми Кемпбел. Неколку години беше во врска со магионичарот Дејвид Коперфилд, а во 2002 година се омажи со американскиот продуцент Метју Вон, со кого е се уште во брак.
Текстот (Фото) Клаудија Шифер гола на насловната на „Вог“ на 48 години е превземен од Reporter.mk.