(Фото) Колинда ги награди Манџукиќ, Чорлука и Субашиќ

Тројца поранешни фудбалски репрезентативци на Хрватска, Ведран Чорлука (32), Даниел Субашиќ (34) и Марио Манџукиќ (32) вечерва примија државна награда „Ред Кнез Бранимир“, кое им го врачи хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

Ваквото одликување се наоѓа на шестото место по важност и се доделува на оние лица кои се заслужни за промовирање на државата и угледот на меѓународно ниво. Ваквата награда фудбалерите ја добија за она што го направија на Светското првенство во Русија 2018 година, кога го освоија сребрениот медал.

Во црни одела, тројцата фудбалери позираа пред камерите а моментот на одликување го споделија со пријателите на социјалните мрежи.

„Горд сум што сум дел од оваа сјајна екипа“, напиша Манџукиќ во својата објава.

Женската страна на обожаватели не можејќи да одолее на згодните фудбалери споделија голем број на пофални коментари под фотографиите.

„Аууу какво парче. Дали сте вие фудбалери или манекени?“, беа дел од неколкуте коментари на обожавателките.

Со ваквото одличје беше одликуван и селекторот на коцкастите Златко Далиќ.

„Колку убав пар“, напишала една од обожавателките на фотографијата на која Далиќ ја прима наградата од Колинда.

 

Текстот (Фото) Колинда ги награди Манџукиќ, Чорлука и Субашиќ е превземен од Reporter.mk.