(Фото) Композиторот Зоран Алексиќ стана татко

Композиторот, продуцент и сопственик на „Скај ај ентертејнмент“, Зоран Алексиќ, стана татко. Тој објави слика на „Фејсбук“ и се пофали дека со сопругата Марија добиле син.

„Се роди Давид“, напиша Алексиќ покрај сликата, а од пријателите доби бројни честитки за раѓањето на синот.

Алексиќ неодамна прослави 4 години од формирањето на неговата продуцентска куќа. Тој е познат како автор на едни од најпопуларните песни на Наташа Малинкова, а соработувал со Лина Пејовска, Александра Јанева, Зоран Илиев и други.

 

Текстот (Фото) Композиторот Зоран Алексиќ стана татко е превземен од Reporter.mk.