(Фото) Кралицата Елизабета јава коњ околу дворецот Виндзор

Кралицата Елизабета II заедно со нејзиниот син Принцот Едвард биле снимени како јаваат на коњи околу дворецот Виндзор. Кралицата на себе имала марама на главата и темносина наметка.

И покрај тоа што има 92 години, таа не ги пропушта бројните значајни кралски настани и извршувања на сите должности, а не сака да се откаже ниту од своето омилено хоби јавањето коњи.

Јавањето коњи е еден од омилените хоби на британската кралица, а во повеќе наврати истакнала дека на грбот на коњите, таа се чувствува како обично човечко суштество.

Елизабета II е голем љубител на животните. Досега имала повеќе од 30 велшки кучиња, а нејзиното последно милениче Виспер починало минатиот месец.

 

Текстот (Фото) Кралицата Елизабета јава коњ околу дворецот Виндзор е превземен од Reporter.mk.