(Фото) Кралското семејство заедно за време на крштевката

Кралското семејство објави сет фотографии од крштевката на Луј, третиот син на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт.

Четири фотографии ги направил познатиот фотограф Мет Холиок, по церемонијата на крштевката, пренесува Би-Би-Си.

„Сите биле релаксирани и добро расположени. Беше вистинско задоволство да ги фотографирам“, изјавил Холиок.

Останатите фотографии од малиот принц, како и фотографиите каде тој се смее, ги направил Мет Портеус, кој војводата и војвотката од Кембриџ го ангажирале да им биде приватен фотограф за тој ден.

Крштевката на принцот Луј, е објавена на 9 јули, ден кога за прв пат, Влијам, Кејт и нивните три деца се видени заедно, како петчлено семејство.

 

На фотографиите се и војводата и војвотката од Сасекс, принцот од Велс и војвотката од Корнвел, семејството Мидлтон, вклучувајќи ја и сестрата на Кејтлин, Пипа и братот Џејмс.

 

Текстот (Фото) Кралското семејство заедно за време на крштевката е превземен од Reporter.mk.