Кристина Агилера (38) во текот на 90-те години беше на врвот на својата кариера. Својата пејачка кариера ја започна откако од страна на “Дизни“ беше прогласена за глас на генерацијата.
Во текот на целата кариера ја споредуваа со Бритни Спирс и отсекогаш постоеше тивок натпревар помеѓу нив две. Таа се повлече од сцена за да се посвети на мајчинството и никогаш повеќе не успеа да ја врати својата стара слава.
Агилера се појавила на премиерата на филмот “Семејството Адамс“ за која го снимила синглот со наслов “Haunted Heart“, а фановите биле изненадени од нејзиниот изглед и изјавиле дека целосно се уништила.
„Навистина претерала со ботокс“ – коментирале на социјалните мрежи.
Кристина во тект на 90-те беше слаба така што многумина се запрашале што се случило со неа.
„Никогаш не би сакала да се вратам во она време кога имав 20 години. Тогаш се чувствував толку несигурно“ – изјавила Кристина.
„Сега имам многу самодоверба и свесна сум за себе. Преживеав многу работи и се чувствувам одлично. „Задоволна сум со своето тело“ – одговорила Кристина на негативните коментари.
Текстот (Фото) Кристина Агилера некогаш секс симбол, денес непрепознатлива е превземен од Reporter.mk.