Пејачката Кристина Агилера е здебелена до непрепознатливост, пишуваат светските медиуми. Таа била снимена од папараците додека ја земала ќерка ѝ од школо. Таблоидите пишуваат дека и покрај тоа што Агилера на социјалните мрежи објавува фотографии на кои таа е слаба, сепак реалноста е поинаква.
Таа во последниот период се има повлечено од јавноста за да му се посвети на семејството, а папараците ја снимија заедно со вереникот Метју Ралтер, кога ја земале нивната ќерка Самер Рејн од школо.
Многумина приметиле дека поп ѕвездата повеќе не мисли на изгледот и дека повеќе не личи на онаа девојка од познатиот спот „Dirty“. Кристина била снимена во опуштено издание, со ненаместена пунџа и речиси без шминка. Многумина коментираат дека таа не е жената од „Инстаграм“ и дека се има поправено за 20 килограми.
Сепак пејачката не е премногу загрижена за нејзиниот изглед, а за тоа сведочат и нејзините последни изјави во кои вели дека таа се чувствува одлично во својата кожа. Пред две години се шпекулираше дека била на пластичен хируг, а папараците ја снимиле во ресторан во Лос Анџелес, па се пишувало дека ставила филери и ботокс.
Текстот (Фото) Кристина Агилера се здебели 20 килограми е превземен од Reporter.mk.