Кучето Џоџо, двегодишниот миленик на славниот пејач Лени Кравиц денеска беше на преглед на ветеринар, откако шетајќи по скопските калдрми, ја повредил ногата. Кучето, го прегледале во „Ветеринарниот центар“ во Скопје, а ветеринарот вели дека бил „умен и послушен“ на прегледот, пренесе а1.он.мк .
„Џоџо беше донесен од возачот на Лени Кравиц и беа задоволни од третманот кај нас. Тој доби терапија против болки и насоки за тоа како да постапува понатаму“, ни изјави Дејан Киков, ветеринар во „Ветеринарниот центар“. Џоџо не е расно куче, туку мешавина, а Кравиц го посвоил додека бил на Бахамите. Оттогаш, тој е постојан придружник на неговите турнеи и патувања.
Текстот (Фото) Кучето на Лени Кравиц се повреди, не било учено да трча по калдрма е превземен од Reporter.mk.