Легендарниот македонски актер Ѓорѓи Колозов кој и денес е најпознатиот македонски цар и чорбаџија од Македонските народни приказни почина во 2003 година на 55 години. И по 16 години, ноговиот колега, или како вели, побратим, од приказните Лазар Бараков со носталгија се присеќава. Тој сподели своја приказна и фотографија на Фејсбук страната посветена Колозов. Познатата куќа во манастирот Свети Пантелејмон во скопско Нерези каде се снимаа приказните, која стои празна.
“Местото каде се започна! Куќата на чорбаџи Ѓорѓија е празна, пред неа стои само неговиот верен побратим. А, нашиот чорбаџија го нема, ги нема ни приказните. Нема ништо од тоа време. Само двор полн со сеќавања и спомени. Ја нема веќе меаната која беше исполнета и зрачеше со крикот на извонредните и маестрални гласови и креации на Гоце, Ванчо, Дади, Ѓокица, Мешко, ги нема истите луѓе, ја нема магијата. Само легендите да сведочат за тоа време. Носталгија
Местото каде се започна! Куќата на чорбаџи Ѓорѓија е празна, пред неа стои само неговиот верен побратим!…а нашиот…
Posted by Ѓорѓи Колозов on Сабота, 12 октомври 2019
Текстот (Фото) Куќата на чорбаџијата остана празна: 16 години од смртта на Ѓорѓи Колозов е превземен од Reporter.mk.