Македонскиот пејач Адам Лабунски е на летување во Црна Гора. Поранешниот учесник во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ деновиве постојано објавува слики од одморот, а на последната е скроз гол. Тој во едната рака држи гитара со која се крие, а во другата рака му се кошулата и купаќите. Плажата во Ада Бојана на која се сликал Лабиунски не е нудистичка, па неговата слика предизвика негативни коментари на социјалните мрежи. „Уште тоа ти остана за да привлечеш внимание“, стои во коментарите на „Инстаграм“.
За потсетување, Адам изминативе години неколкупати го навлече на себе гневот на јавноста. Пред повеќе од една година тој не сакаше да ги врати парите што ги добил како капар за да пее на матура на момче што почина, а преписката со родителите на починатиот матурант се појави во медиумите.
Годинава, пак, тој и неговиот татко, фолк-пејачот Ибро Лабунски, неколку пати се караа со жирито во „Ѕвездите на Гранд“. Ибро тврдеше дека неговиот син е голема ѕвезда и дека тој најдобро знае каква музика му одговара на Адам. Пред крајот на натпреварувањето, неговата менторка Марија Шерифовиќ го дисквалифукуваше заради караниците што ги предизвикал со останатите члениви од нејзината група пејачи. Тогаш Марија го нарече Адам голем непрофесионалец.
Инаку, пејачот веќе подолго време нема снимено своја авторска песна.
Текстот (Фото) Лабунски нудист на плажа во Црна Гора е превземен од Reporter.mk.