Белгискиот глумец Џони Галецки, познат како Леонард од серијата „Теоријата на Големиот тресок“, доби син со неговата 23 години помлада девојка Ален Мејер.
„Со полни срца го дочекавме нашиот прекрасен син. Фала ви на сите за подарената љубов и поддршка“, напиша Галецки на социјалните мрежи.
Галецки објави фотографија од раката на синот и девојката Ален.
Глумецот на почетокот на бременоста призна дека сака да добие девојче, а веста за приновата ја објавија на почетокот на мај годинава.
Галецки е роден во Белија, а во септември минатата година објави дека е во врска со Ален. Глумецот претходно беше во врска со колешката Кејли Гуоцо, позната како Пени од „Теоријата на Големиот тресок“.
Светскиот економски магазин „Форбс“ процени дека Галецки е втор најплатен телевизиски глумец во 2018 година, со добивка од 25 милиони долари.
Текстот (Фото) Леонард од „Теоријата на Големиот тресок“ стана татко е превземен од Reporter.mk.