Српската пејачка Лепа Брена објави стари фотографии од семејниот албум, по повод 21 роденден на нејзиниот најмлад син Стефан Живојиновиќ.
Брена ја искористи можноста на својот син Стефан и јавно да му го честита големиот ден.
„Среќен роденден љубов моја“, напишала Брена на социјалните мрежи.
Пејачката со сопругот Боба Живојиновиќ повторно имаат мотив за славје по породувањето на нивната снаа, српската пејачка Александра Пријовиќ која на свет го донесе малиот Александар.
Тогаш Лепа Брена со Боба приредија незаборавна забава за нивниот најстар син Филип и неговата сопруга Александра Пријовиќ.
Текстот (Фото) Лепа Брена со стари фотографии го одбележа роденденот на синот Стефан е превземен од Reporter.mk.