Глумицата Лидија Вукичевиќ, на широката јавност позната како Виолета, од популарната југословенска серија „Бољи живот“, не престанува да плени со својот атрактивен изглед. Таа на социјалните мрежи објави фотографија од еден козметички салон во Белград, каде позира гола на креветот за третман.
„Кога одите, одите кај најдобрите“, напишала Лидија, а фановите и порачаа дека не и е потребен третман за разубавување и дека козметичарот е тој кој може да ужива во погледот.
„Лидија отсекогаш беше фатална жена на која годините не и можат ништо. Повеќе од две децении се навикна на пофалните коментари и фактот дека за нејзиното име се врзува само неминливата убавина и младоликост“, изјавила нејзина блиска пријателка за медиумите.
Таа открила и дека Лидија има користено ботокс на лицето, а има направено и интервенција на усните.
Вукичевиќ зад себе има богата кариера. Освен во „Бољи живот“, таа има глумено и во „Жикина династија“, филмот „Развод на одредено време“, „Шпион на штикли“ и многу други.
„Размислувам да ги соберам сите благослови кои ми ги има дадено Господ и среќна сум. Морам да ви кажам, не знам како тоа се вика, но и понатаму мислам дека најубавите денови и работи допрва ќе ми се случат. Веројатно сум непоправлив оптимист“, кажала Лидија во едно од своите интервјуа.
Текстот (Фото) Лидија Вукичевиќ позира гола во козметички салон е превземен од Reporter.mk.