Водителката Лила Филиповска и поранешната водителка Мелита Ракичевиќ се пофалија дека биле вредни за Велигден. Тие објавија слики од велигденските јајца што ги вапсале – Мелита црвени и сини украсени со циркони, а Лила еднобојни, во неколку различни бои.
„Очекувајќи ја најрадосната вест за Христовото воскресение… драги мои пријатели, знајни и незнајни, ви посакувам во мир и спокој да го прославите празникот на љубовта и мирот, триумфот на животот над смртта и љубовта над злото… посакувам само здравје и среќни Велигденски празници“, напиша Лила.
Фото: Инстаграм/Фејсбук
Текстот (Фото) Лила и Мелита домаќинки, се пофалија со велигденските јајца е превземен од Reporter.mk.