Познатата водителка Лила Филиповска за малку ќе паднеше додека снимаше фотосесија со британскиот модел Пол Коли. За снимањето беше облечена во црн корсет од тантела и долга жолта наметка, па додека одеше ја нагази наметката, а Пол ѝ помогна да остане на нозе. Лила на својот инстаграм-профил објави кусо видео од фотосесијата и напиша „Се заплеткав“.
„Толку совршен ден, мило ми е што го поминав со тебе. Фотосесија со мојот нов пријател, британскиот модел Пол Коли“, напиша Лила.
Иако не откри многу, таа кажа дека е дел од нов, меѓународен проект. Ова не е првпат Лила да снима реклама или фотосесија. Таа е и една од најпопуларните инфлуенсери кај нас, а преку „Инстаграм“ често рекламира секакви производи, од козметика, преку храна, до патувања. Водителката неодамна се врати од Дубаи, а веднаш потоа го прослави својот 47-роденден.
Текстот (Фото) Лила падна на британски манекен е превземен од Reporter.mk.