Лила Филиповска денеска го прослави роденденот на својот син Филип, а по тој повод водителката на социјалните мрежи сподели фотографии од неговите детски денови.
„Како мал сакаше да бидеш коцкар и мафијаш ама за среќа таа фаза брзо ти помина па сега си мој господин, засекогаш. Среќен роденден ти човеку на мојот живот“, напиша на својот фејсбук Лила.
Филип уште од мал бил голем љубител на игротеките, знаел да ги шармира девојките, а многу брзо научил да биде и вистински џентлмен.
Лила сподели и фотографија од насловна на еден магазин, на кој таа коментира дека можеби и го родила Филип, но да не се сеќава на тој ден.
Текстот (Фото) Лила се потсети на времето кога го родила синот Филип е превземен од Reporter.mk.