Пет мажи ја чуваат познатата водителка Лила Филиповска на прослава во хотелот „Александар палас“, се пофали таа. Водителката на својот Инстаграм објави заедничката фотографија со неколку свои пријатели, гости на прославата, па се пошегува дека има згодни телохранители.
Лила, облечена во кус црн фустан и светкави сандали, објави и неколку видеа додека пее и игра на забавата, а обожавателите ја пофалија дека како и секогаш, изгледа одлично и знае да се дотера.
Водителката, која е една од најпопуларните инстаграм-инфлуенсерки кај нас, со своите обожаватели споделува се што прави во текот на денот. Таа рекламира храна, патувања, накит, облека. Откако неодамна се сликаше како пробува бурми, некои од фановите ѝ искоментираа дека треба да престане да фолира за пари.
Текстот (Фото) Лила шета со телохранители е превземен од Reporter.mk.