Водителката Лила Филиповска позната е по тоа дека на Инстарагм е главна за рекламирање на сешто, од како на одмор да отидете на кредит, до креми за лице, коса, спа- центри, накит. И овој пат, таа ги прелажа оние што ја следат.
Па така со фината „Само си пробувам бурми“ сосе раката со два различни прстени стави слика на социјалните мрежи, па им отвори тема на обожавателите дали се верила или не.
„Аман, не фолирај веќе за пари“, коментираат многумина, откако водителката ја сподели сликата.
Водителката летоска сподели слика од одморот, во прегратки на извесен маж, но не откри дали е во врска со него или не. Таа зад себе има два брака. Долго време е во јавноста, но изминативе години е една од најангажираните Ифлуенсерки на Инстаграм.
Текстот (Фото) Лила за пари фолира на Инстаграм е превземен од Reporter.mk.