(Фото) Лозано на златно кафе во најскапиот хотел во Емиратите

Поп-пејачот Влатко Лозановски испи златно капучино, во хотелот „Емиратс палас“, најскапиот хотел во Емиратите кој се наоѓа во Абу Даби. Тој се пофали дека пие кафе во хотелот во кој се снимаше популарниот филм „Сексот и градот 2“.

Хотелот „Емиратс палас“ е со 7 ѕвезди и освен што е најскап хотел во Емиратите важи и за еден од најскапите хотели во светот. Пејачот е на одмор веќе два дена, а друштво му прави водителката Лила Филиповска.

 

Текстот (Фото) Лозано на златно кафе во најскапиот хотел во Емиратите е превземен од Reporter.mk.