(Фото) Лука Модриќ го прослави првиот роденден на ќерката Софија

Најдобриот фудбалер на светот по признанието од ФИФА деновиве има уште една причина за славење. Хрватскиот играч од средниот ред вчера го прослави првиот роденден на својата ќерка Софија.

„Среќен прв роденден“, напиша краток коментар капитенот на „коцкестите“ нарекувајќи ја Софија „буцка најубава“.

Лука Модриќ позираше со својата  ќерка, која беше облечена во розово фустанче. Во позадина фотографијата беше украсена со балон во облик на фудбалска топка.

Илјадниците фанови на фудбалерот во коментарите исто така ѝ го честитаа првиот роденден на Софија. Во коментарите фановите напишаа дека насмевката на лицето на Модриќ доволно говори за неговата среќа и гордост.

 

 

View this post on Instagram

 

Holidays 👋🏻👋🏻👋🏻❤️😘 #Familia 🙏🏻 Tnx @jelaphotos 😉

A post shared by Luka Modric (@lukamodric10) on

Текстот (Фото) Лука Модриќ го прослави првиот роденден на ќерката Софија е превземен од Reporter.mk.