Лука Модриќ сподели фотографија со своето семејство. На фотографијата што ја сподели на „Инстаграм“ сите заедно го следат заоѓањето на сонцето.
Иако ретко објавува семејни фотографии, овој пат хрватскиот фудбалер реши да го сподели со фановите идиличниот семеен момент.
По 2010 година, кога застана пред матичар, двојката година дена подоцна организираше свадбена прослава во хотелот „Вестин“ во Загреб.
Лука и Вања денеска се горди родители на осумгодишниот Иван, петгодишната Ема и најмладата ќерка Софија, која ја добија во октомври минатата година.
Текстот (Фото) Лука Модриќ со семејството го следат заоѓањето на сонцето е превземен од Reporter.mk.