(Фото) Мадона дојде во Тел Авив, уште не се знае дали ќе пее на Евровизија

Поп-кралицата Мадона вчера вечерта со приватен авион пристигна во Тел Авив, Израел, за да настапи на финалето на Евровизија на 18 мај. Со неа дојдоа многу танчери и соработници, пишува DrownedMadonnа. На аеродромот ја пречекаа и организаторите на Евровизија, иако нејзиниот настап засега не е сигурен, оти нема потпишано договор со Европската радиодифузна унија – ЕБУ. Ова вчера на прес конференција го откри првиот човек на ЕБУ, Јон Ола Санд.

„Имаме голем уметник што сака да настапи на Евровизија, но засега немаме потпишан договор. ЕБУ и изреалската национална телевизија КАН се во преговори, но ако не се потпише договор, Мадона нема да може да излезе на евровизиската сцена“, рече вчера Санд на прес-конференцијата пред првото полуфинале.

Настапот на Мадона до сега не е потврден на официјалната страница на Евровизија, иако е најавен на официјалната страница на поп-ѕвездата. Неофицијално, за да испее две песни на Евровизија, Мадона добила 1 милион евра, пари кои ги платил израелскиот бизнисмен Силван Адамс.

 

Текстот (Фото) Мадона дојде во Тел Авив, уште не се знае дали ќе пее на Евровизија е превземен од Reporter.mk.