Кралицата на поп музиката Мадона (61) по концертот во Чикаго откако го напушти театарот ги изненадила собраните фанови кои ја чекаа по настапот. Таа им го исплази ајзикот, а потоа им се насмевна. Пејачката од театарот излезе во црни чизми и јакна од брендот „Версаче“, а кога ги здогледала своите обожаватели Мадона била прилично расположена.
Мадона во рамките на турнејата „Madam X“ веќе шест пати настапувала во Чикаго, а последниот настап беше во понеделникот. Кралицата на поп музиката изгледа одлично, а судејќи по интересирањето за нејзините концерти на пејачката се уште им пркоси на годините .
Просечната цена на картите за настапите на Мадона е околу 301 долар (се движат со цена од 50 до 757 долари), а ова е новиот рекорд затоа што досега најскапите влезници (270 долари) ги продавале Бијонсе и Џеј Зи заедно.
Текстот (Фото) Мадона им се исплази на фановите е превземен од Reporter.mk.