На централната церемонија по повод стогодишнината од крајот на Првата светска војна во Париз, сопругите на претседателите привлекоа внимание со стилот на облекувањето, откако и по неколку пати се пресоблекуваа во разни модни комбинации.
Во претседателската палата во Франција Меланија се појави во шик црн костим со рамни чевли Christian Louboutin. Брижит пак се одлучи за стајлинг во боја на мастило од Louis Vuitton.
Тука беше и Маја Иванова, сопругата на преседателот Ѓорѓе Иванов, која за едната пригода облече темно син костум, а за средбата со жените на ручекот кај Брижит се реши за комбинација во црвено со рамни чевли.
Текстот (Фото) Маја Иванова меѓу шик стилот на Меланија и Брижит е превземен од Reporter.mk.