Манекенката Ајрленд Болдвин објави фотографија на социјалните мрежи на која позира на мотор. Болдвин на себе има само градник, долна облека и каубојски чизми.
Нејзиниот татко, актерот Алек Болдвин (60), реагираше на објавената фотографија.
„Не. Само…. Не“, напишал Алек под фотографијата, ставајќи ѝ јасно до знаење на ќерка си дека не му се допаѓа нејзината објава.
Голем дел од коментарите под фотографијата беа на адреса на Алек. Некои гледаа сеир, а некои се препознаа.
Ајрленд Болдвин е ќерка на холивудскиот актер Алек Болдвин која ја доби со поранешна сопруга Ким Бесинџер.
Текстот (Фото) Манекенката Ајрленд Болдвин во каубојски чизми качена на мотор е превземен од Reporter.mk.