(Фото) Маратонска торта за Перо Камиказа

Петар Георгиевски -Камиказа, славеше роденден. Лидерот на „Меморија“, кој наполни 59 години објави  фотографија од роденденската торта , која има симболика, зардаи маратоните кои тој со години ги трча.  Перо изминативе години целосно е посветен на спортскиот живот.

Трчењето маратоните се неговата спортска страст и пасија. И не само рекреативно, туку полупрофесионално и професионално годиниве наназад Перо ги трчаше најголемите и најпознатите светски маратонски трки кои се одржуваат низ улиците на светските метрополи и мегалополиси.

Лани се соочи со здраствен проблем, и лежеше 17 дена во болница на ин интензивна нега, а тој јавно ја раскажа својата приказна кога за малку и избега на смртта.

 

Текстот (Фото) Маратонска торта за Перо Камиказа е превземен од Reporter.mk.