(Фото) Мартин од „Некст тајм“ го истетовира кучето на раката

Мартин Филиповски, еден од близнаците од дуото „Некст тајм“ има нова тетоважа. Тој на раката го истетовира своето куче Блеки. Сликата од тетоважата ја сподели на „Фејсбук“.

„И така Блеки ми влезе под кожа благодарение на најдобриот тату артист Горан Мичиќ“, напиша Мартин покрај сликата.

Тој често објавува слики со својот миленик, а неодамна откри дека Блеки била бездомно куче и дека тој ја вдомил.

 

Текстот (Фото) Мартин од „Некст тајм“ го истетовира кучето на раката е превземен од Reporter.mk.