(Фото) Маскембал во домот на Ѓоковиќ, тенисерот како капетан Кука

Додека спортот во целиот свет е запрен поради пандемијата на коронаирусот, сите играчи се во карантин. Исклучок не е ни Новак Ѓоковиќ, кој додека е во изолација реши да направи маскембал во својот дом и да се забавува со своите деца синот Стефан и ќерката Тара.

Тенисерот се преправи во капетан Кука, главниот негативец во романот „Петар Пан“. Ѓоковиќ се послужи со старо цеде и лажичка во раката, а фотографијата која ја објави на социјалните мрежи за кратко време се рашири низ целиот свет.

„Моја верзија на капетан Кука“, напиша Ѓоковиќ под објавената фотографија.

 

Текстот (Фото) Маскембал во домот на Ѓоковиќ, тенисерот како капетан Кука е превземен од Reporter.mk.