Меган Маркл веќе со години е позната како дама со стил, но откако стана дел од кралското семејство, многумина и забележуваат дека троши преголеми суми на пари за непотребни работи, особено кога се работи за ташните.
Војвотката од Сасекс само на торби во текот на 2018 година потрошила 40.000 фунти, односно 44.500 евра. Поради тоа во Велика Британија, а и пошироко, во модерна смисла почна да се користи фразата „Меган ефект“.
Се мисли на сјајот, гламурот па и луксузот кој го прави сопругата на принцот Хари. Меган речиси на секој настан се појавува со торба од некој познат бренд. На тој начин Меган вели дека сака да биде како подобар промотер.
Од своите торби кои ги купила во текот на оваа година, најскапата е онаа која ја дизајнирала елитната модна компанија „Фенди“ и чини 3850 фунти, односно 4285 евра.
Текстот (Фото) Меган 2018 година потрошила вистинско богатство само на чанти е превземен од Reporter.mk.