Актерката Меган Фокс направила неколку пластични операции, а со новиот изглед се пофали на социјалните мрежи. На обожавателите не им се допаднал новиот изглед и ѝ порачаа дека претерала со ботоксот.
Коментираат дека Меган целосно го има променето изгледот од почетоците на кариерата.
„Изгледаш како пластична кукла“, „Како лик од цртани“, „Изгледаш како да не можеш да го поместиш лицето“ „Си претерала со ботоксот“, се само некои од коментарите на обожавателите на сметка на актерката.
Пластичниот хирург кој ги направил операциите објаснил за медиумите дека Меган го затегнала челото, ги подигнала јаболкниците и се обидела да ги испегла сите брчки кои се појавиле на нејзиното лице.
Текстот (Фото) Меган Фокс со многу ботокс, актерката изгледа како пластична кукла е превземен од Reporter.mk.