(Фото) Меган копија на принцезата Дајана

Меган инспирирана од поранешната принцеза Дајана, за време на својата посета во градот Биркенхед се појавила во капут дизајниран од модната куќа Сенталер.
Војвотката од Сасекс заедно со својот сопруг принцот Хари биле на откривањето на најновата скулптура на вајарот Овен Маркл. За таа пригода Меган се одлучила да облече и виолетов фустан со потпис на Артизиа.
Поранешната американска актерка не е една од припадниците на кралското семејство кое се придружува на конзервативните и строги модни избори. Без оглед на веќе поодминатата бременост, војвотката од Сасекс редовно ги исполнува своите должности во двојка заедно со принцот Хари или кога се појавува соло.
Модните критичари велат дека тоа го прави со стил, шетајќи во модерни и неочекувани за јавноста комбинации. Тие велат дека Меган направила одличнен избор која подразбира микс од скапа и пристапна комбинација. За разлика од капутот кој чини нешто повеќе, фустанот од 50 долари бил распродаден во рок од 24 часа велат модните критичари.

Текстот (Фото) Меган копија на принцезата Дајана е превземен од Reporter.mk.